ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
230г. чедар сирење
4 лажици путер
1 шолја брашно
1 лажичка сол
50г. сусам
2 лажици ладна вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад измешајте ги сите состојки освен водата. Мешајте додека смесата не добие текстура на песок. Дојдајте ја водата, промешајте, а потоа извадете го тестото од садот, замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер да се лади околу 30 минути.
Извадете го тестото на работната површина, растегнете го со сукало, а потоа со помош на калап направете облици. Сместете ги крекерите во тава, додадете го сусамот и печете 15 минути или додека не заруменат и станат крцкави.
