Sweet Home

Едноставни трикови со кои вашиот дом ќе изгледа посветло

Светол стан со големи прозори преку кои ќе влегуваат сончевите зраци посакува секоја од нас. Но не секој дом е добро позициониран, па затоа нема добро природно осветлување, особено во тмурните есенски денови.

Добрата вест е што постојат мали трикови со чија помош ќе го постигнеме токму тоа без драстични промени.

1. Избегнувајте темен масивен мебел

Овој тип на мебел го прави просторот потемен. Затоа ако сте во можност заменете го со посветли и полесни парчиња како на пример масичка за кафе со светли ногарки и плотна од стакло.

2. Отворени полици

Отворените полици визуелно ќе го направат вашиот простор поголем. Затоа избегнувајте масивни ормани и затворени полици.
Плус погрижете се деталите на самите полици да бидат светли.

3.Огледала

Огледалата се феноменален начин да внесете повеќе светлина во домот и да го направите попростран.
Но важно е да знаете каде да ги поставите огледалата. Трудете се да бидат наспроти или близу извор на светлина за да ја рефлектираат истата.

4. Минимализам за максимален впечаток

Нередот на полиците буквално ја впива светлината и го прави просторот затворен, потемен или со еден збор наликува на пештера.
Затоа средете го просторот во кој живеете и исфрлете го сето она што создава гужва и одлучете се за проверениот минимализам.

5. Металик декорации

Металик деталите во домот се како огледалата,  ја одбиваат светлината и со тоа го прават просторот поширок, посветол, поинтересен и отворен.
Металик рамки за слики или металик рамки на огледала се одличен избор, но можете да вметнете и вазни, ќупови, лампи…

 

Напиши коментар