Денес ќе ви претставиме една модерна и истовремено егзотична вила лоцирана на островот Пукет, Тајланд. Куќата плени не само со својата софистицираност, но и со воодушевувачки поглед. Оваа шик резиденција е своевидна уметност на архитектурата и зафаќа површина од 2160 метри квадратни. Проценета е на повеќе од 9 милиони долари. Во неа вешто се комбинираат екстравагантни елементи и софистициран мебел, испреплетени со современ дизајн и тајландски национални традиции.
Луксузната резиденција има шест спални соби, соба за забава опремена со маса за билијард и со единствена од ваков вид соба за масажа. Севкупниот изглед на местото се надополнува со еден неповторлив базен со олимписки димензии.
.jpg)
.jpg)























