Состојки:
- 3 јајца
- 1 чаша јогурт
- 200 гр сирење
- 18 лажици брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 100 мл масло
- сол
Начин на подготовка:
Со миксер разматете ги јајцата, додајте јогурт, масло, сирење, лесно разматете со миксер.
Измешајте брашно помешано со прашок за печиво, посолете и лесно соединете со лажица.
Намастете плех (средна големина) и посипете со брашно, па ставете ја смесата. Печете во добро загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.
Оставете да се излади. Сечете на коцки и послужете.
