← НАЗАД НА БОЗА

Експрес диета – 2 килограми за само 3 дена

Експрес диета – 2 килограми за само 3 дена
458 Читања
Оваа едноставна диета е наменета за сите што сакаат на брзина да се ослободат од вишокот килограми, по период на обилна исхрана или пред некој важен настан, или пак за оние што сакаат да преминат на поздрав начин на исхрана.

Тајната на диетата е во изборот на намирниците кои даваат чувство на ситост, иако се внесуваат помалку калории, така што скоро и не се чувствува глад, а се губат 2 килограми за три дена. Поради ограничената количина на храна, се препорачува во текот на диетата да се земат и додатоци од витамини и минерали.

Диетата треба да се држи само 3 дена, потоа се прави пауза од 4 дена, во кои се јаде умерено, па може пак да се повтори.

 ПЛАН ЗА ИСХРАНА 

Ден 1

Појадок: едно парче интегрален леб, една чаша полномасно млеко

Ручек: 300 г. пире од компири, чаша чај (зелен, црн или растителен)

Вечера: 250 г. салата од варен компир, варени јајца со маслиново или сончогледово масло, чаша чај (зелен, црн или растителен)

Ден 2

Појадок: една чаша полномасно млеко

Ручек: 200 г. пире од компири, 100 г. салата од зеленчук (мешан сезонски зеленчук), чаша чај (зелен, црн или растителен)

Вечера: еден свеж домат, чаша чај (зелен, црн, или растителен)

Ден 3

Појадок: едно парче интегрален леб, црно кафе (без шеќер)

Ручек: 300 г. пире од компири, чаша чај (зелен, црн или растителен)

Вечера: 250 г. салата од варен компир, варени јајца со маслиново или сончогледово масло, чаша чај (зелен, црн или растителен)

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk