Sweet Home

Елегантен мал апартман за студенти

Овој елегантен апартман кој го дизајнираше студиото “Kenneth Brown Design” се наоѓа во близина на кампусот на Универзитетот во американската држава Луизијана, и е наменет за младите, најчесто за студентите, кои бараат модерно уреден стан кој можат да си го дозволат.

Дизајнот на апартманот и неговиот декор се сведени на практичност, а воедно е поволен и достапен за младите кои живеат и работат во оваа област, а сакаат сместување надвор од студентските домови.

Дневната соба, трпезаријата и кујната со леснотија се поврзани во една целина, а светлата палета на бои е одбрана за ентериерот за дополнително да се прошири просторот.

Дневната соба ја красат фотеља и маса од плетено дрво, а наспроти белите полици се наоѓа црн табла-ѕид, кој служи за оставање пораки за сите станари. Претенциозните парчиња мебел се исфрлени за сметка на сестраните парчиња кои се поотпорни за користење.

Спалните соби претставуваат уште еден интересен аспект, бидејќи секоја соба поседува индивидуален карактер.

Write A Comment