Џинсот, маслинесто зелената, моторџиските јакни, карираните кошули како и слоевитото облекување доминираат на улиците, но ако малку подобро се загледаме во морето на стилизирани жени ќе забележиме дека уживаат во елегантни и класични комбинации.
Џемперите и кардиганите се “must have“ и затоа не е лошо да се и ваш избор за ладната сезона.
Може да ги носите со фармерки и панталони, а можете да направите и некои многу модерни комбинации со сукњи.
Плетените фустани се исто така многу интересни парчиња кои ќе направат да изгледате модерно, особено ако ги комбинирате со високи чизми од антилоп.
Чизмите над колена изгледаат прекрасно со сукњи и фустани и дефинитивно може да се каже дека се најмодерна ставка за есенската сезона.
Не заборавајте и на класичното одело на пример во виолетова или бордо нијанса кое може да изгледа прекрасно со соодветен аксесоар.
Надополнете го својот изглед со модерен капут или мантил со едноставен крој. Ако одберете некој со неутрална нијанса како беж, сива или окер многу лесно ќе го стилизирате со есенската облека.
Капите и шаловите се задолжителен моден додаток и би требало да пронајдете соодветен шешир кој ќе го носите цело време.

















