Внатрешноста на оваа куќа поседува свежи бои и модерни детали.
Куќата со поткровје има голем двор и базен. Оградата е направена од дрво и ѕидани столбови. Од ходникот се влегува во дневната соба, трепезаријата и кујната. Насекаде се наоѓаат зелени детали: зелани прници на гарнитурата во дневната соба, зелени перници на белите трепезариски столчиња. Кујната е исто така направена од медијапан во зелена боја.