← НАЗАД НА БОЗА

Ерусалим – патека помеѓу земјата и небото…

Ерусалим – патека помеѓу земјата и небото…
718 Читања

Многу е поголемо духовното, отколку атрактивното значење како туристичка локација, на градот на трите вери – Ерусалим…

Градот кој ја раскажа приказната што го поврза човештвото – Исусовата победа на смртта, е местото кое секогаш е подготвено Ве прими, за да Ве увери во неа… Главниот град на Израел е еден од најстарите градови во светот, кој се наоѓа помеѓу Медитеранското и Мртвото море и има популација од  763.000 жители.

Во стариот дел од градот, кој може да се  прооди пеш за помалку од час и пол, се наоѓаат најзначајните историски споменици. Според сите Христијани, Ерусалим е градот во кој Исус Христос  бил распнат и погребан, а потоа и воскреснал. Гробот, во кој Исус бил погребан, се наоѓа во непосредна близина на Ѕидот на плачот, односно Соломоновата тврдина.

Туристите што за Велигден се одлучуваат да го посетат ова свето место, имаат прилика да поминат низ местото кое Исус во тешки маки го поминал, за да дојде до местото на кое што требало да биде распнат. „ Виа Долороса “ е патот кој се простира меѓу муслиманскиот, еврејскиот и христијанскиот кварт, а завршува со преубава црква. На почетокот од улицата се наоѓа домот на Богородица, а обележани се и други важни моменти, како моментот кога Исус бил застанат и кога се напил вода, кога крстот паднал… Гробот на Исус е местото за кое ќе треба да почекате во долгите редици кои траат и по еден час. Црквата е во сопственост на православната патријаршија и ја чуваат две турски семејства.

Остварете ја Вашата животна желба и почувствувајте ги за момент местата во кои нашиот единствен Господ, Исус Христос, ги платил нашите гревови…

Покаете се, простете и уживајте во мирот кој ќе Ви го овозможи.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk