Оваа прекрасна приватна вила се наоѓа на атрактивниот остров Сент Бартс кој е познат како дестинација на супербогатите. Зошто? Бидејќи не секој може да изнајми една ваква вила само за себе и саканите и да плати за таквото задоволство неколку милиони долари. Вилата има 5 спални соби, уште толку бањи. Два огромни базени, просторна надворешна платформа за сончање, фитнес сала, прекрасен интериор што создава атмосфера инспирирана од сјајот на Холивуд.
















