Започна сезоната на непријатните алергии и период кога поголемиот број од луѓето имаат здравствени проблеми.

Лековите за сите наши проблеми, па и поленските алергии се наоѓаат во природата, а најдобар доказ за тоа е фактот дека третманите во солена соба, како метод на алтернативно лекување, станаа голем хит во целиот свет.

Зошто е важна солта?

Пред се важна е за чистење на носот и синусите, го спречува грчењето на мускулите (особено важно кај астмата), претставува јак природен антисептик, значајно влијае на регулирање на сонот (природен хипнотик), го намалува вишокот на киселост од келиите, особено мозокот и има големо антибактеријко дејство.

Солената соба е особено важна за децата!

За нашето здравјеособено е опасен воздухот кој го дишеме во затворен простор, во нашите домови, канцеларии. Имено, само 10 проценти од сите настинки се заради надворешниот воздух, додека 90 проценти од случаите е поради затворениот простор.

Напиши коментар