Мојата кујна

Еве како да подготвите совршен помфрит во рерна!

Иако асоцијацијата за помфрит е пржење во масло, можете да го подготвите во рерна и ќе биде еднакво вкусен.

Пржењето како начин на подготовка на храната не е баш препорака од нутриционистите, но на вкусот на пржените компирчиња е тешко да се одолее. Сепак, постои начин компирите да бидат многу вкусни, а подготвени на здрав начин.

Подготовка:

Исечените компири пред печење потопете ги во белка во која сте измешале зачини по желба. Наредете ги компирите на хартија за печење или подмачкан плех. Компирите печете ги во загреана рерна на 220 степени додека не поруменат.

Белката во текот на печењето ќе го направи помфритот крцкав, а компирите нема да бидат преплавени во масло.

Напиши коментар