Дестинации

Еве како најлесно да го “преживеете” напорниот лет со авион

Долготрајниот престој во тесната кабина на авионите е исклучително напорен, но постојат неколку работи кои можат да Ви го олеснат ова непријатно искуство…

Внимателно бирајте ја храната 

Едно истражување покажа дека храната богата со јагленхидрати, како шпагети, итегрален леб или овесни снегулки го ублажуваат џет легот. Научниците објаснуваат дека високото ниво на инсулин ги олеснува промените во биоритмот, односно преминот од еден распоред на спиење и јадење на друг.

Спакувајте ужинка 

Чувството на глад на тлото само по себе е непријатно, без разлика што можете да отидете до најблискиот киоск или пекара и да земете нешто за јадење, што не е случај кога сте во авион. Понудените грицки се исклучително скапи, па ќе морате солидно да го олесните својот паричник или да чекате до следниот оброк. Најдобриот избор е храната богата со протеини, како бадеми, сирење, јогурт, крекери со путер од кикирики или протеински плочки.

Не преједувајте се

Варењето на храната на големи височини е отежнато, па претерувањето со храна никако не се препорачува. Уште повеќе, стручњаците препорачуваат да изедете еден оброк пред летот, а потоа во текот на патувањето продолжете да ги консумирате споменатите грицки. Исто така, имајте на ум дека организмот значително полесно ја вари топлата храна од ладната.

Редовно пијте вода

Иако не постои точно утврдено оптимално количество вода кое треба да ја испиете, стручњаците советуваат да пиете повеќе вода отколку вообичаено. Редовно земајте вода во текот на летот, не чекајте да бидете жеден.

Пијте чај место кафе и алкохол

Кафето е диуретик, што значи дека го дехидрира организмот , а процесот на дехидратације го забрзува и алкохолот. Уште повеќе, алкохолот може да се однесува и како стимуланс, што во текот на летот може да Ве прави напнат. Од друга страна, одделни истражувања укажуваат на тоа дека зелениот чај ги ублажува симптомите на џет легот.

Носете повеќеслојна и удобна облека

Тренерката можеби не е најугледниот избор, но пошироката облека, како ленени панталони или некој комотен џинс панталони секако се. Бидејќи температурата постојано варира, најдобро би било место маица и јакна, на пример, да облечете маица и џемпер, а јакната да ја понесете со себе. Особено корисна ќе биде некоја поголема марама или шал, со кои не само што ќе можете да се покриете, туку можат да Ви послужат и како добра потпора за грбот.

Ставете слушалки или чепчиња

Бидејќи бучавата на моторите (а и таа во заднината) предизвикуваат стрес, обидете се од Интерент да ги симнете снимките со бела бучава (го смирува и опушта организмот) или купете гумени чепчиња за уши.

Правете вежби

Можете да ги кренете стапалата од земја и да ги движите во круг во воздух, потпрете ги петите на земја а покренете ги прстите што погоре, или спуштете ги прстите на тло а покренете ги петите што погоре. исто така, можете да ги движите рамената напред и назад или да се истегнувате на други начини колку што можете. Вежбите најдобро би ги работеле три-четири минути на секој еден час.

Напиши коментар