Претстојната пролет и лето ќе се носат секакви фризури и секоја девојка ќе може да ја најде онаа што најмногу ќе ѝ одговара според должината на косата и според нејзината текстура, порачуваат експертите за коса.

Што се однесува до боите, многу популарни ќе бидат огненоцрвената, платинесто-русата, темнокафеаната и сите неприродни бои за коса, особено пастелните нијанси.
Плетенки
Еден од водечките трендови за следната сезона се плетенките во сите облици.
Коњско опавче
Пописот на трендови не би бил целосен без коњското опавче, а оваа сезона коњското опавче се носи на сите можни начини.

Природен изглед
Има ли нешто поубаво од природна фризура? Лежерна и едноставна. Тоа значи да ја оставите косата таква каква што е, бидејќи тоа е еден од оние трендови што нѐ очекуваат оваа пролет.
Бранови во коса
За сите романтичарки пролетва во тренд ќе бидат бранови во косата кои одлично го збогатуваат изгледот за топлите летни вечери.

Растурен кок
Растурениот кок не е некоја новост кога се трендовите во прашање и, некако, оваа фризура секоја сезона успева да се провлече меѓу најпопуларните. Можеби затоа што повеќето жени ја обожаваат и е многу едноставна за правење.
Кратко потстрижена
За да не излезе дека сите трендови се однесуваат на долга и на полудолга коса, оваа година посебно се издвојува трендот ултракратко потстрижена коса.
Боб над раменици
Разни видови боб, исто така, секогаш го пронаоѓаат своето место на листата со модерни фризури, а оваа сезона ќе се носи боб над раменици. Оваа фризура најмногу им прилега на девојките со многу рамна и со цврста коса.

Луди кадрици
Кадриците не им прилегаат на сите, но секоја жена, барем еднаш во животот посакува да има кадрава коса. Можеби сега е вистинско време за тоа.
