Motherhood

Еве на на кој начин татковството го менува вашиот мозок

Знаеме  дека улогата на татко внесува бројни промени во животот на мажите, но многумина не знаат дека татковството влијае и врз функционирање на организмот.

Стручњаците тврдат дека после раѓањето на детето, мажите трпат значајни невролошки и хормонски промени, слични на оние кои ги доживуваат и мајките.

Погледнете што сѐ се случува во мозокот на младите татковци:

Мозокот на таткото изгледа како на мајката

Грижата за бебето го менува мозокот на мажите и тој сѐ повеќе наликува на мозокот на мајките. Мажите кои ги негуваат своите малечки, се менуваат во однос на емоциите и социјалното дружење, кои стануваат поактивни откако бебето станува дел од нивниот живот.


И таткото поминува низ хормонски промени

Бременоста, породувањето и доењето кај жените предизвикуваат производство на хормони, но научниците утврдиле дека нешто слично се одвива и кај мажите, иако тие не се во состојба да го носат и хранат бебето по природен пат. До ова хормонско зголемување се доаѓа благодарение на контактот со бебето и неговата мајка.


Окситоцинот ја зајакнува врската помеѓу таткото и бебето

Хормонот на љубовта ги поттикнува татковците повеќе да се грижат за своите бебиња и повеќе да се вклучени во нивниот живот. Помеѓу нив се создава поврзаност иста како онаа помеѓу мајката и бебето.


Татковците стануваат почувствителни на детскиот глас

Општо е познато дека мајчинскиот инстинкт е оној кој им помага на мајките да препознаат кога плачот на бебето значи глад, кога болка, а кога дека е поспано. Меѓутоа, научниците утврдите дека и татковците се поврзуваат со своите деца на тој начин: едно истражување покажало дека дури 99% од татковците го препознаваат значењето на плачот на своето бебенце.

Write A Comment