Летниот период е совршен за свадби – затоа и толку голем број млади се одлучуваат токму тогаш да ја крунисаат својата љубов со брак. Сепак, помислата дека треба да облечете тесен фустан во кој најверојатно ќе ви биде топло и непријатно, а аутфитот да го надополните со стегната пунџа со многу лак за коса и високи болни потпетици не е најпривлечна. Мора ли да биде вака?
Секако дека не! Заменете ја „скаменетата“ пунџа со нежно извиткани пуштени локни, облечете сандали со пониска штикла, и најважното – одберете лесен лелеав фустан во кој ќе се чувствувате прекрасно цела ноќ! Впрочем, треба да бидете добро расположени и да се забавувате, а не да паничите секогаш кога ќе помислите што да носите на летна свадба. Погледнете ги нашите идеи за инспирација:











