Зошто луѓето ракоплескаат кога авионот ќе слета? Сигурно сте се запрашале тоа, а ако мислевте дека одговорот секогаш е зошто пилотот успешно го призејмил авионот, грешите.
Стјуардеата Кара Мулдер споделила мислење на својот блог The Flight Attendant Life. Таа вели дека овој феномен претежно е врзан со дестинацијата на која одите. На пример, ако одите во Њујорк, за повеќето луѓе (барем за Американците), тоа значи бизнис-патување. Ако одите во Лас Вегас, одите да се забавувате.
Според нејзиното искуство, пилотот обично добива аплауз ако успешно го слета авионот во лоши временски услови или некоја друга пречка.
Некои патници кои се често во авион, забележале дека аплаузот обично се појавува кога луѓето се враќаат од дијаспора во татковината, кај своето семејство кое одамна не го виделе. Уште еден фактор кој влијае на ракоплескањето е зачестеноста на патувањата. Ако секоја втора недела сте во авион, сигурно нема да ракоплескате секој пат кога ќе слетате.
Ако сами не сте го започнале аплаузот, а не сте виделе кој го направил тоа, можно е тоа да го направила и стјуардесата. Само за забава.