Motherhood

Фенг Шуи: Како учењето да биде лесно како песна?

Ако училишното ѕвоно веќе ве седна на столчето, фенг шуи може да ви помогне.

Децата кои тешко учат најчесто седат со грбот свртен кон вратата, а тоа им дава чувство а несигурност и ја отежнува концентрацијата. Најдоброто место за учење е тоа каде што детето седи со грбот свртен кон ѕидот, со погледот кон вратата и прозорот.

Затоа набавете мала работа маса која ќе можете лесно да ја поставувате на разни места, а никако не заборавајте на дневната светлина која би требало да доаѓа од лева страна ( за леваци од десна).

Најдобро е, за оној кој учи да гледа кон ѕидот, бидејќи според фенг шуи погледот кон небото создава будење на фантазиите, а ѕидот поттикнува на учење.

4-те страни на светот и учењето:

Според фенг шуи секоја страна од светот помага во нешто, а можете да одберете помеѓу различни насоки според вашата моментална состојба:

  1. Насока А (шенг чи) има поволно влијание. Одговара на секоја активност, без разлика дали станува збор за игра, учење, читање…Ако не можете да го одредите проблемот кај детето, оваа насока ќе му одговара.
  2. Насока Б (тјен ји) помага врз лекување и брзо оздравување. Оваа насока е одлична кога детето не се чувствува добро или пак е мрзеливо.
  3. Насока В (нјен јен) создава рамнотежа. При внатрешен немир или осаменост оваа насока делува смирувачки. Таа е вистинска насока во тешките животни периоди.
  4. Насока Г (фу веј) ја поттикнува концентрацијата. Оваа насока го спречува распаѓањето на енергијата и помага при полесно разликување на важното од неважното.

Со оглед на тоа што децата имаат развиено претчувство за вистинските насоки, често тие сами си ја одбираат најдобрата. Ваша задача е да го воочите однесувањето на детето и да ги бележите насоките со тек на време ќе ја пронајдете онаа која најдобро одговара.

Write A Comment