Една од првите одлуки кои ги донесува невестата за време на планирањео на венчавката, е изборот на бојата. Така, цвеќето, украсите, свадбените покани и другите работи на оваа церемонија треба да бидат во иста боја. Древната традиција на Фенг Шуи често се применува за текот на венчавката. Фенг Шуи боите имаат за цел – да создадат хармонија, на денот на венчавањето. Така, одредени бои се совпаѓаат многу повеќе од останатите.
- Јинг и јанг
Фенг Шуи традицијата, всушност претставува спојување во хармонија на јинг и јанг енергиите. На пример црвената одговара со портокалова боја. Останатите се темно сина со светло сина боја. Темно зелена со светло зелена.
- Црна и бела
Традицијата на оваа комбинација имаат големо значење во Фенг Шуи теоријата. Белата е јанг(машки принцип), а црната јин(женски). Комбинацијата создава машко – женски склад. Во тоа се сочинува и белата боја на венчаницата на жената, и црната боја на облеката на младоженецот, во склад со контрастните целини на енергијата која гардеробата треба да ја надополни.
- Божиќни бои
Црвената и зелената донесуваат среќа на брачниот пар.
- Метални бои
Комбинацијата на метални бои, според Фенг Шуи традицијата, создава среќа и хармонија со креативноста и со децата. Метални бои се бела, златна, себрена и сина. Бела и жолта значи небо и земја. Златна и бела со виолетово создава големо богатство на енергии.
- Лош избор на бои
Постојат неколку комбинации на бои кои носат несреќа на денот на венчавањето. Не би требале да ги комбинирате црвената и сината боја, црната со металните бои( сребрена, сива, златна). Комбинациите на жолта со зелена и сина , не се препорачува. Според Фенг Шуи, зелената комбинација со металните бои создава лоша среќа.