Дестинации

Финти за поубаво патување

За да ги минимизирате непријатните искуства при патување, бујрум неколку практични совети за помалку нервози.

Посетувајте ги земјите една по една

Кога одите на некое подолго патување, поубаво е да изберете една земја и целосно да ја истражите, отколку да посетувате неколку земји. Вака ќе заштедите пари на потенцијално скапи авионски карти, а ќе имате и многу поголема слобода во одбирање на квалитетно сместување.

Оставете го водичот дома

Зошто воопшто да користите водич, кога во која било земја може да се спријателите со мештаните и тие да ви предочат интересни места за посета? Ова е и добар начин на вежбање на јазикот.

Пакувајте помалку работи

Искрено, дали навистина ви е потребен многу багаж? Нормално дека не, затоа бидете практични и оставете ги непотребните работи дома.

За време на авионскиот лет бидете вегетаријанец

Бирањето на вегетаријански оброк за време на летот е сигурен начин да добиете посвежа и поздрава храна, а на овој начин и полесно ќе ви помине таканаречениот „jet lag“.

Внимавајте како барате авио карти

Авио компаниите користат колачиња (cookies) да ги следат вашите навики додека сурфате на нивните сајтови, па може да се случи автоматски да ја зголемат цената на картата за наредното пребарување. Сурфајте анонимно.

Летајте во вторник или среда

Истражувања покажале дека картите за летови за овие два дена се најевтини.

Измерете го вашиот багаж

Веројатно добро сте запознаени со кошмарот кога службеникот на аеродром ќе ви каже дека багажот ви е претежок. Евтините компании уживаат во ова, бидејќи прилично скапо ја наплаќаат тежината поголема од дозволената. Затоа пред патувањето, ставете го куферот на вага.

Напиши коментар