Фризурата може да ви помогне многу во прикривањето на недостатоците, но и да направите да изгледате послабо. За оние кои имаат округло, широко лице и сакаат да изгледаат послабо ова се фризурите кои им се дозволени:
Благо разбушавена коса
Долга коса која е таласеста е најдобар избор за оние со округло лице. Внимавајте само тоа навистина да биде благо таласеста, затоа што големите локни може да го постигнат спротивниот ефект од она што вие го сакате.
Степени
Степенесто ишишаната коса може да ви помогне да ги прекриете образите и делови од шелото. Ишишајте се така што прамени од косата ќе ви паѓаат на лицето.
Светли прамени
Светлите вертикални линии на косата ќе ви помогнат да изгледате послабо, само внимавајте на контраста на боите на вашата коса како и на дебелината на прамените.
Никако не смеете да помислите на кратка коса, густи шишки и рамна фризура до брадата.
