Art & Crafts

Фустан кој можете да го носите на 50 начини (Видео)

Американската дизајнерка Надја Тар тврди дека нејзиниот “Butter by Nadia” фустан е решение за кризата на секој женски гардеробер.

Фустанот кој може да се купи во различни должини и бои, може да се трансформира со едноставно прилагодување на лентата. Тој може да биде врзан на различни начини – околу половината или вратот.

Овој фустан се наоѓа на официјалната страна на дизајнерката и се продава по цена од 360 евра. За оние за кои ова е премногу, овој фустан може да се изнајми по цена од 70 евра за два дена или 81 евро за седум дена.

Фустанот е направен од вештачка свила и спандекс, еласичен синтетички материјал.

Благодарение на еластичниот дизајн, доаѓа само во една големина, а одговара на сите конфекциски броеви.

Write A Comment