Познат ни е трауматичниот момент кога ќе го чуеме алармот наутро и знаеме дека треба да станеме од топлиот кревет, особено во зима, и да се соочиме со дневните обврски. Секој би сакал тој миг да го одложи или избегне некако, па затоа иноваторите работат на измислување нови начини како да ве станат од кревет.
Најнов изум во таа насока е „Раги“, и тој претставува буднилник вграден во мало ќилимче кое го ставате покрај креветот. Кога алармот ќе почне да ѕвони наутро, вие морате физички да станете од кревет и да стоите на ќилимчето барем три секунди за да се исклучи.
Можете да го ставите ќилимчето и подалеку, за да мора да поодите малку за да го исклучите, а има опција и наместо звукот на ѕвонење да одберете да ви кажува мотивирачки пораки како поттик да станете и да го зграпчите денот.
„Раги“ се уште не почнал да се произведува сериски, па додека тој да стане реалност, можете да го видите во акција на видеото.