Здраво тело

Ѓумбирот е поефикасен од хемотерапија

Ѓумбирот е еден од најздравите, а можеби и највкусните зачини на планетава. Тој делува за зголемување на апетитот, против мачнините, (дури и тие кај трудниците), против болки во мускулите, против воспаленија, го намалува шеќерот во крвта и холестеролот, ги олеснува менструалните болки, па дури и дека штити од Алцхајмерова болест.

Покрај сето ова, со последните научни истражувања се потврди дека ѓумбирот содржи супстанција која може да е и до 10.000 пати поефикасна во борба против матичните клетки на ракот отколку хемотерапијата. Супстанцијата „6-шогаол“ е супериорна во однос на конвенционалната хемотеријапија во таргетирање на причинителот на малигнитетот на ракот на градите, а тоа се матичните клетки на ракот на градите.

Тие матични клетки на ракот се коренот на многу тумори, и понекогаш се нарекуваат „мајки клетки“ затоа што се одговорни за произведувањето на различни видови „ќерки клетки“ од кои е составена колонијата на туморот. Додека матичните клетки на ракот сочинуваат само 0,2 до 1 насто од сите клетки во еден тумор, тие се чини дека имаат „бесмртна“ способност да се самообновуваат, способни се да се менуваат, отпорни се на конвенционалните агенси за хемоерапија и се туморигенични, односно способни да се „делат“ за да создаваат нови колонии на туморот. Јасно е дека ако сакаме терапијата на ракот да биде успешна и со трајни резултати, матичните клетки на туморот се тие што треба да се уништат.

Во најновата студија, финансирана од Министерството за наука и технологија на Индија, токму супстанцијата „6-шогаол“ од ѓумбирот која се добива кога неговиот корен се суши или вари, е идентификувана како моќно оружје во борба против матичните клетки на ракот.

Освен тоа, кај таа состојка било забележано дека ги убива не само еднодимензионалните, туку и сферичните клетки на ракот, додека лекот „таксол“ има влијание само на еднодимензионалните клетки, а против сферичните не покажувал никаква активност дури и кога бил во 10.000 пати поголема концентрација.

Истата студија открива и дека „6-шогаол“ ги уништува само клетките на ракот, а воопшто не им штети на здравите клетки, што не може да се каже за конвенционалните терапии против рак како хемотерапијата, кои се штетни за пациентот.

Оваа студија е уште една од се поголемиот број истражувања во кои се потврдува дека природните супстанции кои постојат во човековата исхрана илјадници години се далеку посупериорни од хемотерапијата и зрачењето.

Напиши коментар