Оваа резиденција навистина нуди волшебна фамилијарна атмосфера. Се простира на околу 900 квадратни метри, поседува 7 спални соби, 8 купатила и изобилува со навистина луксузни елементи. Оваа раскошна градба покрај другото ви овозможува феноменален поглед кон преубавите планински масиви.
Доколку се фокусираме на ентериерот секако највпечатлив детал е преубаво дизајнираниот камин, елегантниот дрвен под исто така се издвојува, како и импресивната декорација, огромните прозори…Одлично дизајнираните спираловидни скали ве носат на катот каде можете да се опуштите покрај надворешниот камин и џакузи на отворено.