Одржувањето на формата е доста тешко, но со малку труд и упорност можете да го добиете совршеното обликувано тело.

Сепак, пред да почнете или ако веќе сте почнале со вежбање, добро ќе ви дојдат неколку информации за најчестите грешки кои ги правиме за време на вежбањето.

Одбираме погрешна тежина на тегови

Одбирањето на вистинската тежина на теговите е покомплицирано отколку што мислите. Претешките тегови можат да предизвикаат повреда (мало оштетување на мускулите и лигаментите кое може да прерасне во вистински проблем), додека пак прелесните тегови никако не би можеле да влијаат на вашето вежбање. За добро вежбање, потребно е да можете да ги подигнете теговите 10 до 12 пати, пред да почувствувате дека не можете повеќе.

Заборавате да пиете течности

Вежбањето ќе ви биде уште потешко ако сте дехидрирани. Пијте околу 150 милилитри вода на секои петнаесет минути додека вежбате. Можете и да конзумирате пијалак кој го користат спортистите за време на исрпувачките тренинзи.

Имате нереални цели

Поголем број од нас веднаш сакаат видливи резултати и ако нема никакви видливи резултати по една или две недели, се откажуваме од вежбањето. Но резултатите не се видливи за толку краток период и потребно е да продожите со вежбањето, и да не се откажувате.

Вежбајте, не озборувајте

Ако одите во теретана за само да се дружите и озборувате, тогаш не чудете се кога нема да постигнете никакви резултати. Не чудете се зошто нема резултати ако пливате само 10 минути, а 30 минути одмарате во џакузи. Потребно е најмалку половина час интензивно вежбање, три пати неделно за да имате видливи резултати.

Заборвате да се истегнете

Најчеста работа која аматерите ја прескокнуваат и забораваат е истегнувањето. Тоа служи како загревање на почетокот и малку одмор на крајот од вежбањето. Ја подобрува флексибилноста, ги спречува болките и ги истегнува мускулите.

Напиши коментар