Motherhood

Грицкање нокти: Потисната агресија?

Запознавањето со причината зошто децата грицкаат нокти може да им помогне на родителите да дознаат повеќе околу емоциите на своите деца, да го преиспитаат својот однос кон нив и да одлучат како да се справат со истиот проблем.

Ако се размислите, ќе забележите дека ноктите кај луѓето имаат слична функција како канџите кај животните. На нив канџите им служат за одбрана или напад и се оружје со кое се изразува агресија. Гризењето на ноктите е еден вид спречување на сопствената агресија. Децата или возрасните личности кои ги гризат своите нокти се плашат од својата агресија и симболично го прават своето оружје безопасно. При грицкањето нокти се троши дел од агресијата затоа што се гризат со заби.

Ако вашето дете ги гризе своите нокти, можно е да ја потиснува агресијата кон својата околина. Дали му овозможувате на своето дете отворено да ги изразува своите емоции без разлика какви се? Знаете ли да ги ислушате неговите емотивни потреби? Децата мора да имаат можност да ја искажат својата агресија без да се чувствуваат виновни за истото. Логично е родителите со децата да ја делат оваа навика – да имаат проблем со агресија. Веројатно и сами ги потиснуваат своите емоции или се неискрени спрема себе. Кога детето ќе научи да се брани наместо да ги почитува стравовите на опкружувањето, оваа навика престанува.

Како и да е оваа навика е тешка за одвикнување. Затоа, треба да реагирате колку што е можно побргу. Постојат лакови за нокти кои се наменети токму за одвикнување од грицкање нокти, затоа што во моментот кога ќе го ставите ноктот во уста горчливиот вкус на лакот ве алармира да престанете. Можете да пробате да ги одвикнете своите деца од оваа навика со тоа што ќе направите временски план. Договорете се наредните 48 или 24 часа да не ги гризе своите нокти, а за возврат наградете го и во никој случај не казнувајте го своето дете затоа што само може да добиете повратен негативен ефект. Пронајдете добра и спогодлива стратегија која ќе го мотивира и нема да му предизвикува потешкотии.

Write A Comment