Едно од омилените парчиња оваа пролет е кошулата со риги која можеме да ја носиме на многу начини.
Ако немате кошула на риги во плакарот, задолжително набавете бидејќи таа е од суштинско значење за модерен пролетен изглед.
Ригите се еден од оние дезени кои никогаш не излегуваат од мода. Тие се едноставни и елегантни и одговараат скоро на сите дами.
Кога носите риги тие треба да бидат во склад со вашето тело. Хоризонталните риги можат да направат вашето тело да изгледа потенко, додека вертикалните ќе направат да изгледате покрупно.
Кога носите кошула на риги одберете еднобојни панталони, сукна, шорц или фармерки. Кошулите на риги можат да бидат во најразлични стилови и бои, така што веруваме дека ќе го пронајдете совршениот модел за вас.
Исто така ригите можат да бидат дебели или тенки, хоризонтални или вертикални.
Кога станува збор за боите, црната, белата и тегетот се најпопуларни и овие кошули можете да ги комбинирате и со други дезени.
Во прилог ви нудиме неколку идеи за аутфит со разновидни кошули на риги кои се надеваме ќе ви послужат како инспирација.











