Мода

И ленот може да биде елегантен и шик

Секој ден е сè потопло, а вие не знаете што да облечете за да се чувствувате пријатно на вртоглаво високите температури? Еден од најдобрите летни материјали без сомнение е ленот. И не преувеличуваме кога велиме дека ленените фустани, туники, кошули и блузи се незаменливи во летниот период, кога климата е топла и влажна.

Една од главните предности на носењето ленена облека е свежината која таа ја обезбедува. Благодарение на неговата плетка, ленот овозможува повеќе струење на воздухот и му дозволува на телото да дише, а исто така е цврст материјал кој не се лепи на кожата и полесно се суши.

Уште една позитивна карактеристика кога носите ленен фустан, блуза или слично е тоа што не се потите. Ленот ја апсорбира влажноста и ја одбива топлината. Оние луѓе кои носат ленена облека се чувствуваат за 3 до 4 степени целзиусови поладно од луѓето кои носат памучна или свилена облека. Ова значи дека да вметнете парче од лен во вашиот летен гардеробер не е само обичен предлог – тоа е одлука која ќе направи да се чувствувате удобно, самоуверено, лесно и убаво!

Погледнете ги нашите летни предлози за комбинации од лен и ослободете се од стереотипите кои велат дека ленот е старомоден и не може да биде модерен:

 

Напиши коментар