Мода

Идеални мантили за пролетната сезона

Оваа сезона најпопуларни пролетни мантили се оние од меки материјали како сатен и вискоза кои во некои случаи можат да се носат и како фустан.

Овој тип на тренч мантил во своите колекции често го претставува мајсторот на опуштената силуета Haider Ackermann, и ако навистина ви е потребна инспирација проучете ги комбинациите на кои е потпишан овај талентиран дизајнер.

Што се однесува до распонот на бои тие се движат од популарните неутрални кожа боја тонови па се до класичната црна.

Иако не се препорачливи за дождливите денови, сепак нема подобро парче за почетокот на пролетта и првите зраци сонце.

Во галеријата погледнете ги најпопуларните модели.

 

Write A Comment