Дестинации

Идеално одмаралиште во Малезија

Сместено во рамките на бујната вегетација од 11 хектари, покрај кристално чистите плажи на островот Тиоман, „JapaMala“ е идеално малезиско одморалиште…

Мотото на ова место е „не работете ништо, дозволете и на природата да работи наместо вас“. Кога еднаш ќе се најдете на оваа локација, ќе го сфатите значењето на оваа порака.

Сместувањето во овој резорт е многу мирно и удобно. Се состои од дрвени куќички кои се наречени Саранг, што во превод од малезиски значи гнездо.

Гостите во ова одморалиште можат да се чувствуваат безбедно, далеку од секојдневните грижи и стресови.

Сепак, комфорот од модерниот живот е присутен и овде, па така секој Саранг има клима, WiFi, докови за iPod DVD плеери и TV сетови, како и полни мини барови и Espresso машини.

Многу сместувачки единици имаат дури и приватни базени со палуби за сончање, кои се идеално место за поминување на безброј часови во релаксација и одмор.

Исто така, овде постои и привлечен спа центар кој е наречен Самади Спа, каде гостите можат да доживеат незаборавни моменти во третманите за подмладување поради кои оваа оаза на мирот ќе ја ценат уште повеќе.

 

Напиши коментар