Sweet Home

Идеи кои малиот простор визуелно ќе го зголемат

Гарсониерите и малите станови можат да се уредат на интересен начин.

Важно е да го искористите секој сантиметар и да бидете крајно снаодлива и креативна.

Во прилог погледнете ги следните симпатични идеи како малите станови можете визуелно да ги зголемите.

Двојна улога на мебелот

Ако живеете во гарсониера тогаш е неопходно да бидете креативна. Размислувајте за мебел кој можете двојно да го искористите.

Пример се табуретката. Освен што има функција за седење исто така може да се искористи и како масичка во дневната соба.

Комодата или ниските плакари во комбинација со барски столчиња можат да бидат трпезариска маса.

Денес се достапни и бројни парчиња кои се склопуваат како столчиња, работна или кујнска маса кои кога не ги употребувате можете да ги затворите за да не заземаат простор.

Ѕиден мебел

Ѕидовите се најнеискористениот дел од просторијата, а ако имате мал стан тогаш се од непроценлива важност.

За максимално да ја искористите гарсониерата решението побарајте го во ѕидните, висечките орманчиња како оние кои ги имаме во кујната.

Нив можете да ги сместите над креветот или седечката гарнитура, позади врата, во тоалетот или пак по ѕидовите на ходникот.

Плус ако ги украсите со огледала ќе добиете визуелно поголем и посветол простор.

Слична функција имаат и ѕидните полици кои делуваат прозрачно, а на просторот му даваат интересна нота.

Од друга страна, кревет под чиј лежај има вградено орманчиња или фиоки е совршено решение за заштеда на просторот.

Украсни завеси

Освен што се украсни детали тие не штитат и од сонцето и љубопитните погледи. Завесите можат да бидат креативен детаљ во гарсониерата која може да има функција на преграден ѕид.

Поставете шини на плафонот и поиграјте си со разни примероци, материјали и ткаенини кои секако ќе ги ускладите со бојата на мебелот и на тој начин освен што ќе бидат функционални ќе бидат и украс.

 

Write A Comment