Sweet Home

Идеи за уредување на мала спална соба

Ако вашата спална соба е мала не значи дека треба да се откажете од тоа убаво да ја декорирате.

Со малку труд и најмалата спална соба може да ја претворите во вистинска оаза за уживање. Немојте да ја претрупате со премногу работи и посветете внимание на деталите кои и најмалиот простор му даваат посебен изглед.

1. Светли бои за оптичка измама

Секоја просторија со светли бои изгледа поголемо. Ако се придржувате до ова правило вашата мала спална соба ќе изгледа пространо.

2. Модерна спална

Ако имате мал простор не значи дека треба да се откажете од дизајнот. На пример неколку модерни детали како ламба, полица или ноќна масичка ќе направат голема разлика.

3. Романтичен простор

Додадете полици и украсни детали кои ќе создадат романтика кога ќе легнете да спиете.

4. Шик соба

Повеќе перничиња во контрастни бои, ламба и златни детали се вистински погодок.

5. Ламба на ѕид

Ако немате доволно простор за ноќна масичка ламбата може да ја закачите на ѕид.

6. Јарки бои

Јарките бои ставени над и на креветот се едноставен начин на собата да и дадете личен печат.

7. Елеганција

Елегантна завеса и врамено огледало се елементи кои обезбедуваат елегантен декор во секоја соба.

Write A Comment