Ова германско игло село е вашата дестинација од соништата за зимски одмор. Селото се наоѓа на врвот на планината Небелхорн и е отворено за туристи до април.
Ова игло село е совршено место за да уживате во мирот и да пиете чаша вино. А може и да се одморите во џакузи на 40° C.
Или пак може да го посетите барот и да се напиете еден пијалок. Нормално, барот е направен од мраз, а декорот е фасцинантен.
Доколку сакате да го посетите зимава, една ноќ во ова игло село во Германија ќе ве чини 114 евра по лице.







