Децата може да се плашат од животинки, инсекти, темнина, други луѓе, бучава… Засилете ја детската самодоверба и помогнете им да ги победи своите стравови.
Ѕверки: лав, волк, тигар, змија…
Играјќи со нив, детето не забележувајќи ќе преземе дел од нивните карактеристики, храброста од лавот, смелоста од волкот…
Кукли: пожарникар, пилот, војник
Играњето со овие важни занимања го учи детето како да биде храбро и да не се плаши од потенцијални несреќи како што се пожари, громови или пак му дава храброст за спротивставување во можни конфликти со други деца…
Кадифени играчки: мече, слонче, зајче…
Децата кога спијат обожуваат да гушкаат мека играчка, бидејќи на тој начин секој страв во ноќта полесно се пребродува.
Инсекти: пајак, гасеница, пчела…
Играта со овие играчки ќе го спречи развојот на овој мистичен страв, кој често се јавува не само при средба со тие животни, туку и при самата помисла на нив.
Реквизити за доктор
Доколку детето си игра како ги лекува своите кукли, доколку има стетоскоп, шприцови и сите останати докторски реквизити, полесно ќе оди на лекар и ќе сфати дека таму не го чекаат ужасни искуства.
Спортски реквизити: топка, велосипед, ромобил…
Игрите во кои детето активно се движи го учат на умешност, координација на движењата и со самото тоа на доверба во своето тело и себе си, смелост, храброст и контрола на сопствените емоции.
