Многу тренди фризури бараат да имате густа и силна коса, но што ако косата ви е тенка и кршлива? Дали можете да ги постигнете бујните, совршени кадрици на Ким Кардашијан, Џенифер Лопез или Бијонсе?

Одговорот е – да, можете! Погледнете ги следниве три тренди фризури кои можете да ги постигнете со малку труд и екстензии за коса со штипка.
Пола горе – пола долу
За да го постигнете препознатливиот изглед на Џенифер Лопез, започнете со поставување на екстензијата за коса на коренот на косата, под темето. За екстензиите да бидат поцврсти, можете да ја истапирате косата на коренот и да прснете лак за коса за да ја зацврстите нејзината текстура. Откако ќе ја ставите екстензијата, извиткајте ја косата со фигаро. Потоа, соберете го предниот дел на косата и врзете го во репче, притоа оставајќи неколку прамени коса околу слепоочниците за да изгледате поспонтано. Лесно истапирајте го репчето со четка или чешел за тапирање (најдобриот пријател на бујната коса) за подобра текстура и поголем волумен, а потоа свртете го околу основата на репчето и прицврстете го со шнола, така што ќе изгледа како мала пунџичка. Завршете со малку лак за коса.

Раскошна странична плетенка
Екстензиите за коса со штипка можат да додадат и малку магија на популарната странична плетенка. За оваа фризура, најпрво исчешлајте ја косата на левата страна од главата. Потоа, ставете неколку од екстензиите на средишниот дел од косата за да бидат скриени. Откако ќе го постигнете посакуваниот волумен, направете странично репче и завиткајте праменче од косата околу стегачот за поелегантен изглед. Потоа сплетете си плетенка и стегнете ја со ластикце за коса за да ви трае цел ден.

Бујна пунџа
„Крофната“ за коса нема калории и е еден од наједноставните начини за да добиете голема пунџа за неколку минути. Прво, соберете ја косата во репче. Спровнете го репчето во „крофната“, а наместо да ја скриете со тоа што ќе го завиткате репчето околу неа, истапирајте го крајот на репчето и обвиткајте ја целата „крофна“ со коса, прицврстувајќи ја со шноли на главата. Овој дополнителен чекор со тапирање ќе ја направи оваа фризура покежуал, а помалку како фризура за на свадба.

