За подготовка на индиската салата потребни ви се:
- 400 гр. пилешко месо
- Праз (1 парче)
- 100 гр. мајонез
- 1 чаша кисела павлака
- 30гр. кикирики
- 30 гр. семки сончоглед (исчистен)
- 2 мали компири
- Сок од лимон
- Сол,бибер
- 1 лажица сенф
Подготовка:
Испржете го пилешкото месо и оставете го да се излади, потоа исецкајте го на коцки. Компирот се вари,потоа се ренда. Празот исечете го на кругови, додадете кикирики и сончоглед и измешајте ги сосотојките. Во посебен сад измешајте павлака, мајонез,сок од лимон,бибер, сол и сенф. Сите состојки измешајте ги и прелијте ги преку пилешкото и празот. Чувајте во фрижидер и сервирајте ладно.
