Здолништата со миди должина се навистина актуелни оваа есен. Секоја жена треба да има барем две вакви здолништа во својата гардероба, соодветни за сезоната, советуваат дизајнерите. И препорачуваат барем еднаш неделно да се сеќаваме на нив и да ги облекуваме.
Сигурно си мислите дека миди здолништата се наменети само за повозрасните претставнички на женскиот пол, но не си поставувајте ограничувања! Миди здолништето се претвора во хит и за помладите.
Комбинирањето на здолништето со екстравагантни додатоци, секоја девојка би ја претворило во современа модна икона.




