Sweet Home

Интересен дом во Калифорнија

Уникатната куќа во Калифорнија, која ја дизајнираше “Kovac Design Studio”, е вистинско уживање за очите на љубителите на несекојдневна архитектура. Вредна е дури 7,1 милиони долари и со причина го носи името “Раскршена куќа”.

Необичната куќа на две нивоа е составена од приземје кое нуди приватност на станарите со тоа што е отворено кон дворот и спрат кој делува како да се расцепен по средината. Спалните соби кои се наоѓаат на катот меѓусебно се поврзани со мост.

“Главната концептуална идеја за куќата беше спалните соби да се сместат во два волумена налик на труп на брод на првиот кат на куќата. Поморската тема продолжува и во дворот, каде скалите од спратот се спуштаат директно кај базенот”, објаснуваат архитектите.

Зад тоа е сместана градина во која се наоѓа летната кујна и апартманот за гости.

Топлото дрво на плафонот игра важна улога во дизајнот на ентериерот. Древените тавани пружаат пријатен и природен изглед на отворениот простор. Прозорите од подот до таванот и стаклената ограда на катот пропуштаат природна светлина во просторот.

При дизајнирањето на куќата се водело сметка за енергетската ефикасност. Модерниот дом е опремен со одржлива технологија, LED осветлување во целата куќа, а соларните панели се вградени на кровот.

 

Write A Comment