Sweet Home

Интересен студио-апартман во Москва

Кога просторот наменет за живеење ни е ограничен и мал, тогаш дизајнирањето на креветите во поткровните простори или пак само подигнати над некои други корисни површини е одлично решение, со тоа што се штеди просторот кој и така е во дефицит, а истовремено се добива и дополнителна атрактивност.

Овој студио-апартман во Москва се одликува со голема доза на минимализам. Секое парче мебел употребено во ентериерот е дизајнирано едноставно, но и нагласено на илустрациите.

Креветот во поткровјето е всушност отворен и целосно видлив, но поради тоа што платформата на која е тој поставен е поширока, безбедноста при спиење е зголемена и е речиси невозможно превртување во текот на ноќта.

1-potkrovje

2-potkrovje

3-potkrovje

4-potkrovje

5-potkrovje

6-potkrovje

7-potkrovje

Напиши коментар