Motherhood

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА БРЕМЕНОСТА: Какви се вашите шанси да добиете близнаци?

Најверојатно на повеќето бремени жени им поминала една интересна мисла низ главата откако ги виделе двете цртки на тестот за бременост и почнале да се радуваат за бебето што доаѓа.

А, ако се близнаци?

Секако, имате поголеми шанси да добиете близнаци доколку веќе имате во семејството или доколку сте се лечеле од неплодност, но – секоја жена може да остане бремена со едно или повеќе бебиња. Можеби токму вие сте една од нив.

Какви се вашите шанси да добиете близнаци?

Генерално, околу 1 од 31 раѓања (над 3%) се близнаци. Но, вашите шанси да добиете близнаци се многу помали и изнесуваат 1 од 89, доколку сте забремениле по природен пат. Шансите за тројка или повеќе плодова бременост над тоа се околу 1 од 565. II. Идентичните близнаци настануваат кога оплодената јајце клетка ќе се подели на две и тоа најчесто сосема случајно. Изгледите да добиете еднојајчени, или идентични близнаци се околу 1 од 250. III. Постојат низа на фактори кои влијаат на можноста да добиете двојајчени близнаци или тројка и над тоа. Третманите за неплодност, односно вештачкото оплодување во голема мера ги зголемува изгледите за повеќеплодова бременост. Во просек 20-25% од жените кои се лекуваат од неплодност или поминуваат ин-витро оплодување или други техники на асистирана репродукција завршуваат како бремени со повеќе од едно бебе.

Кои други фактори влијаат на веројатноста да добиете близнаци

I. Колку и да звучи чудно, ако еднаш сте добиле двојајчени близнаци, имате два пати поголема веројатност да добиете уште едни близнаци во иднина. II. Двојајчените близнаци се пренесуваат во семејството, така што, ако вие сте близнак, или имате блиски роднини близнаци, имате многу големи шанси и самите да добиете близнаци. Историјата и семејството на партнерот не влијае на вашите шанси да добиете близнаци. III. Колку сте постари, толку имате поголеми шанси да добиете близнаци или пак тројка или четворка. Најверојатно, хормоналните промени кај постарите жени се причина за ова. IV. Колку повеќе пати сте биле бремени, толку повеќе имате шанси да добиете близнаци. V. Покрупните и повисоки жени почесто добиваат близнаци отколку малите и ситни.

Кога ќе дознаете дека носите близнаци

Денес лесно и брзо се открива дека ќе имате повеќе од едно бебе, со прегледетот со ултразвук во првото тромесечје од бременоста. Првиот ултразвук е обично во периодот од 11-13 недела од бременоста, но жените што останале бремени со постапка за вештачко оплодување се прегледуваат со ултразвук порано, обично во текот на првите 8 недели, за да се провери бројот на ембрионите што се всадиле во матката. Докторот може да препорача преглед со ултразвук доколку матката ви е поголема одошто треба, во однос на последната менструација. Со ултразвук скоро 100% сигурно се утврдува повеќеплодова бременост, посебно по 6-8 недели, но сепак ако носите повеќе бебиња, постои теоретска веројатност некое да не биде забележано.

 

Write A Comment