Сведоци сме дека западните трендови се повеќе стануваат дел од нашите свадбени традиции. Еден од најинтересните концепти се девериците на невестата, односно нејзините другарки и роднини, кои на денот на свадбата се одлечени во исти фустани. Постојат повеќе варијации на овој тренд, на пример или сите деверици се облечени во целосно исти фустани, или во ист модел на фустани, или во иста боја.
Традицијата на деверици започува уште во 10 век во средновековна Англија, кога деверците всушност биле група на млади девојки кои биле задолжени за да го испратат младоженецот до олтарот. Деверици постоеле и во Римската империја, кога всушност за венчавка биле потребни 10 сведоци, 5 мажи и 5 жени.
Иако во денешно време девериците може да носат фустан во било која боја, во минатото тие морале да бидат облечени во светло сино, жолто или розево. Овие бои биле симбол на среќа за младенците.
Ви претставуваме неколку интересни идеи за креации за вашите деверици, доколку решите и вие да ја следите оваа традиција:





