Bridal

Интересни обоени венчаници

Доколку сте уморни од белите невестински фустани, не можете да најдете нешто што ви се допаѓа и имате малку храброст за нешто ново, различно и навистина елегантно, тогаш е време да го речето судбоносното да во ваква обоена венчаница.

Овие венчаници се најновиот тренд кога станува збор за невестински фустани и не само што се елегантни, необични и впечатливи, туку со обоениот долен слој на венчаницата се решава еден огромен проблем со кој се соочуваат сите невести.

Сигурни сме дека сте присуствувале на свадба каде невестата носела прекрасна долга бела венчаница, но само по неколку саати долниот слој на венчаницата, кој се влече по подот, се извалкал и од бел станал сив. Па, ете и една практична причина зошто да пробате нешто вакво.

Погледнете ги овие прекрасни идеи, па можеби ќе се инспририрате и ќе одберете некоја друга боја за вашата венчаница.

 

Write A Comment