Art & Crafts

Интересни трикови и финти кои ќе ви бидат корисни за празниците

Новогодишните и божиќните празници се ближат, па украсувањето на домовите и јавните простори веќе е во тек. Подолу погледнете неколку трикови и финти за украсување кои може да ги направите лесно, а ќе ви ги направат овие празници незаборавни.

1. Различни големини на светилки

Ако ставите два сета на светилки на вашата елка, со различни големини на сијалички, ќе го направите да изгледа по богато и попривлечно.

2. Брзо и евтино завиткување на подарок

Искористете најобична хартија за завиткување на подарокот. Исцртајте облик на новогодишна елка на неа, и едната половина од елката исечете ја со скалпер. Свиткајте ја и уникатно завитканиот подарок е готов.

3. Рефлективни декорации

За да направите вашата елка да изгледа како да има повеќе сијалички и посилно да свети, додадете мали рефлективни украси. Ова може да бидат форми исечени од CD што не ви е потребно, залепени на спојувајки.

4. Украси од тесто

Едноставно тесто може да послужи како одличен материјал за креирање на декорации во разни форми – а доброто е тоа што може да ги направите со помош на вашите деца.

5. Декорации од стара хартија

Парчиња картон и останата хартија за завиткување може одлично да ви послужи за креирање на уникатни украси за домот. Ова е одлична идеја за искористување на овие навидум непотребни материјали.

6. Криење на основата на елката

Ако не ви се допаѓа тоа што се гледаат ногарките на вашата вештачка елка, може многу лесно да ги скриете. Искористете кутија со соодветна величина која што ќе ја завиткате со новогодишна хартија за завиткување, на овој начин.

7. Новогодишни чаши

Не мора да купувате тематски сетови на чаши, туку може лесно и евтино да си направите сами. Ви треба само специјален маркер (отпорен на вода и повисока температура) во златна или сребрена боја и стари чаши на кои ќе нацртате празнични мотиви.

8. Шишарки

Природни шишарки може да најдете надвор и да ги искористите за најразлични декорации. Најпрво исчистете ги и измијте ги, а потоа исушете ги на 200 степени, 20 минути, во шпоретот. По ова ќе бидат подготвени за користење како украси без опасност дека ќе ви привлечат бубачки и слично.

9. Новогодишна шолја

Може лесно и брзо да направите џемперче за вашите чаши и шолји. Најдете чорапче со новогодишен мотив или нешто слично и исечете го горниот дел, па облечете го на чашата.

 

 

Write A Comment