Без преголемо шаренило, со удобни и рустични парчиња мебел, ова поткровје е идеално за сите оние кои обожаваат да се нурнат во сопствениот свет.
Белото и минијатурно поктровје не располага со преголема квадратура, но онаа која ја има е доста вешто искористена.
Доминира белата боја со придружба на светло сивите нијанси и останатите неутрални тонови, како и природните материјали.
Откако ќе го разгледате овој стан ќе посакате да се стуткате во некое негово ќоше, заедно со вашата омилена книга и топла шолја чај. Нема подобро уживање…






