Зарем не е убаво чувството, кога ќе направите нешто убаво, а и корисно во исто време? Кога на пример, нешто старо и искористено, го претвориме во нешто феноменално!
Овој пат, ќе ви покажеме како од стар прозорец, кој сте сакале да го фрлите, едно практично парче мебел- масичка за кафе. Во видеото кое следува, прикажан е детален процес, а идејата за вакво нешто е создадена од Лејни Ли (жената од снимката). Таа е прав експерт за „враќање во живот“ на старите работи, наместо да ги фрлиме во канта за одпадоци.
Потребно ви е:
- Поголем стар прозорец
- Дрво за рамка
- Шарки
- Четири ногарки
Како да направите вакво масиче, погледнете во видеото: