Новости

Иванка Трамп се забавува со бившата љубовница на Путин во Дубровник

Ќерката на американскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, Иванка, е фотографирана во Дубровник во друштво на Венди Денг, позната во светските џет сет кругови како поранешна сопруга на медиумскиот магнат Руперт Мардок.

По разводот од Мардок пред три години, Венди го задржала презимето, но според пишувањето на некои американски таблоиди таа била во врска со рускиот претседател Владимир Путин. Друштво им прави и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер.

Венди Денг е блиска пријателка на Иванка, и токму таа ги има запознаено сопружниците Иванка и Џерад. Друштвото во Дубровник пристигнало со јахтата „Рејзинг сан“.

 

Напиши коментар