Убавина

Изберете ја идеалната подлога за лице

Пронаоѓањето на совршената нијанса на подлога за лице, може да биде обесхрабрувачко. Основната намена на коректорот или пудрата е изедначување на изгледот на кожата, т.е. прекривање на несовршеностите. При изборот, важно е да се избере природната нијанса на кожата. На основа на тоа се одредува и нијансата на подлогата.

После пробното нанесување, тон подлогата треба да се провери на денска светлина. Доколку бојата се вклопува со природната – идеалната подлога е пронајдена.

Четири едноставни совети за избор на идеална подлога:

1. Текстурата на подлогата мора да одговара на типот на кожа

– течната пудра за потполна покриеност, соодветна е за сите типови кожа

-кремастата пудра за потполна покриеност, соодветна е за нормална и ли сува кожа

-камена пудра или пудра во прав за блага до средна покриеност, предвидена е за нормална до мрсна кожа

2. Подлогата мора да биде прилагодена на дневната beauty рутина: природна, за долго носење или блага спрема кожата?

3.Степенот на покриеност зависи од поединечниот тен: за кожа без темни дамки и неправилности, доволна е блага покриеност, додека за темни подочници или акни,потреба е подлога за средна односно потполна покриеност.

4.Во зависност од личните преференции, завршниот чекор е постигнување мат или сјаен изглед на кожата- првиот е нежен и сув, вториот светкав и светол.

Како за неколку секунди да постигнете беспрекорен тен и идеален дневен изглед?

Започнете со нанесување на хидратантна крема, а после впивањето во кожата, на поединечни места, нежно нанесете коректор за да ги покриете несовршеностите. Потоа, нанесете течна пудра со заштитен фактор, убаво размачкајте ја со прстите преку целото лице, од носот до образите. Не заборавајте ги вратот и деколтето. За посебно блескав изглед, после тоа, пробајте да нанесете нешто потемна подлогана на носот и под јаболчниците. Завршете со камена пудра која со сунѓерче ќе ја натапкате на челото, носот и брадата, за покривање на несаканиот сјај. Поминете со руменило преку јаболчниците, нанесете мал слој маскара, и нанесете го омилениот сјај.

Write A Comment