Сите ние имаме свој стил, различен вкус и поинаков поглед кон модата. И добро е што е така. Меѓутоа во модата има извесни правила на комбинирање и ние се надеваме дека нашиве статии ќе придонесат да научиме повеќе за модата и стилот. Човек постојано учи. Освен тоа постојано излегува нешто ново и ние ве информираме за сето тоа.




