Убавина

Изберете сенка според бојата на очите

Вашите омилени сенки во бои која сметате дека одлично ви одговараат секогаш можете да ги користите, но ако навистина сакате да ги нагласите очите најдобро е сенката, пред се да ја одберете според бојата на очите.

Плави очи – Топли кафени тонови и нијанси на праска се најдобри за да го истакнете вашиот поглед. Бидејки кафената е контрасна боја, најдобро со неа ќе ги истакнете вашите очи. Избегнувајте сенки во плава боја. Нежно розевите нијанси се идеални за дневна варијанта.

Зелени очи – Топлата портокалово – кафена боја е најдобра за нагласување на зелените очи. Виолетовите тонови исто така се идеален избор.

Кафени очи –  На кафените очи одговараат скоро сите нијанси на сенки. Но, бидете претпазливи со зелените тонови, бидејки со премногу зелената боја може да постигнете неприроден изглед. Избегнувајте розеви тонови бидејки може да изгледата со нив отечено.

Write A Comment